За нас

Хотел Алмопиа се наоѓа во северна Грција лоциран 100км од Солун и 30км од Едеса- Воден, во местото наречено Лутраки. Хотелот располага со 25 соби опремени со бања, ладилник, телевизор и кујна, паркинг, бесплатно кафе во текот на целиот ден и free Wi-Fi. Во состав на хотелот има простор за релаксација и забава со билјард. Аранжманите вклучуваат дво-тро и четворокреветно сместување со појадок. Сместен во прекрасна природа каде извира река со лековита минерална вода чија температура изнесува 38 степени, позната по своите лековити и терапевтски својства уште од времете на Александар Македонски. Благотворните минерални бањи се посетувани во текот на целата година бидејќи даваат неверојатно чувство на релаксираност и спокој. Овој бисер на природата е лоциран во подножјето на планински предели што изобилуваат со природни убавини и бујна вегетација, обкружен со голем број манастири, потоци и многу места совршени за прошетка и планинско пешачење.

Мигрена

Калцииумот содржан во минералната вода има применето дејство при чести напади на мигрена. Како промена на начинот на живеење Алмопиа нуди потполно релаксирање и спокој што допринесува за лечење на мигрена.

Ишијас

Топлината и составот на минералната вода благотворно делува на ова заболување во смисол на периодично посетување и користење на водите во текот на целата година.

Бронхит

Топлиот и влажен воздух помага во ослободување од секретот насобран во дишните патишта и негово искашлување. Чистиот воздух и медитеранската клима превенираат за ова заболување.

Нервоза

Бањањето во минерланата вода помага при пост-трауматски стрес, ментален умор и анемија како последица од траума. Сето ова благодарение на присуство на голем број минерали во водата кои допринесуваат за чувство на релаксираност и опуштеност.

Дерматолошко и гинеколошко

Ја подобрува и стабилизира минералната слика на кожата со што се помага нејзината ревитализација и нејзината превентивна заштита од кожни заболувања. Се добива природно измазнување и затегнување на кожата како и заштита од нејзино стареење.

Циркулативно и респираторно

Последните современи истражувања покажуваат дека Магнезиумот делува на повеќе од 100 биохемиски процеси во организмот. Допринесува за подобра работа на мускулите, опоравување на спортистите од умор и го намалува уморот.

Удобно и комотно

Нашите модерно уредени соби нудат комотно сместување и се потполно опремени со кујна и ладилник, купатило, телевизор и бесплатен интернет. Сите соби се со тераса. Во дворот на хотелот се наоѓа изѕидана скара која гостите можат да ја користат за приготвување на грил и каде можат да се организираат заеднички ручеци , вечери и седенки. Во состав на хотелот има и простор за релаксација и забава со билјард.

Двокреветна соба

- Кујна
- Ладилник
- Купатило
- Телевизор
- Интернет

  • 30 Евра со појадок

Трокреветна соба

- Кујна
- Ладилник
- Купатило
- Телевизор
- Интернет

  • 35 Евра со појадок

Четворокреветна соба

- Кујна
- Ладилник
- Купатило
- Телевизор
- Интернет

  • 40 Евра со појадок

СПЕЦИЈАЛЕН ПОПУСТ ЗА ГРУПИ НАД 20 ЛУЃЕ